Годинава над 9.000 лица ќе бидат опфатени со владините програми за намалување на невработеноста, за што се издвоени средства од 525.788.240, или 8,5 милиони евра. Од нив, над 4.000 ќе бидат директни вработувања. Од сите мерки најдобри резултати дава програмата за самовработувања со која досега се финансирани 5.806 лица. Најчести бизниси кои се отворени се во угостителството, услужните дејности, производството, градежништвото, а процентот на вработеност е 85. Огласот за оваа програма за 2014 година е објавен денеска и се однесува на 950 лица. Крајниот рок за доставување на пријавите е 24 јануари. Ги охрабрувам сите невработени, активни баратели на работа, кои имаат бизнис- идеи и кои сакаат да ги реализираат, преку Програмата за самовработување, да ја искористат шансата, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување, бидејќи оваа мерка е одлична можност да се стартува нов бизнис, да се обезбеди сопствено вработување, но и да се отворат нови работни места и профит, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Годинава над 9.000 лица ќе бидат опфатени со владините програми за намалување на невработеноста, за што се издвоени средства од 525.788.240, или 8,5 милиони евра.
Од нив, над 4.000 ќе бидат директни вработувања. Од сите мерки најдобри резултати дава програмата за самовработувања со која досега се финансирани 5.806 лица. Најчести бизниси кои се отворени се во угостителството, услужните дејности, производството, градежништвото, а процентот на вработеност е 85.
Огласот за оваа програма за 2014 година е објавен денеска и се однесува на 950 лица. Крајниот рок за доставување на пријавите е 24 јануари.
„Ги охрабрувам сите невработени, активни баратели на работа, кои имаат бизнис- идеи и кои сакаат да ги реализираат, преку Програмата за самовработување, да ја искористат шансата, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување, бидејќи оваа мерка е одлична можност да се стартува нов бизнис, да се обезбеди сопствено вработување, но и да се отворат нови работни места и профит“, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Тој рече дека со владините програми лани биле опфатени 9.000 лица и се остварени 4.000 вработувања. Во владините мерки приоритет имаат загрозените категории на граѓани, како и долгорочно невработените и младите до 29 години.
Според директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, може да се пријават сите невработени лица кои бараат активно работа. Оние кои се изјасниле во Агенцијата дека сакаат да учествуваат во оваа програма ќе добијат СМС-порака со информации за огласот.
Тој посочи дека во моментов активно бараат работа 96.685 лица и од пасивната листа на активната се префрлиле 5.400 лица.